Свет
24. September 2017 - 18:01

Германците ја сакаат Меркел , на чекор до четврт мандат како канцелар на Германија

На денешните парламентрани избори во Германија се очекува канцеларката Меркел да го освои четвртиот мандат.  Право на глас имаат над 60 милиони германци.  Анкетите покажуваат дека   победата на демохристијаните  е неспорна но не е познато со кога ќе формираат коалиција – дали со сегашните пратнери социјалдеморкатите или  ќе ја направат владата со малите партии.  Главниот противкандидат на Меркел, лидерот на Социјадемократската партија Мартин Шулц не успеа сериозно да и наштети на ЦДУ за време на изборната кампања. Подршката  за него според истражувањата на јавното мислење е далеку помала од онаа за Меркел -  21 наспорти 34 проценти. Трети би биле денсичарите од Алтернатива за Германија чија платформа е изградена врз антимигрантската политика.  Инаку во Германија нема огрнаичувања за бројот на мандати на канцеларот. Освен Хелмут Кол , досега ниту еден канцелар не бил на функцијата подолго од 16 години.