Фудбал
2. December 2015 - 17:12

Гери Невил нов тренер на Валенсија

 
 Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил денеска е поставен на тренерското место на Валенсија, потврди клубот од „Местаља“.
 
Невил има потпишано договор до крајот на сезоната, а интересно е дека тој ќе му помога на братот Фил, кој и до сега работеше во Валенсија.
 
- Јас сум многу возбуден и горд што ќе имам можност да водам клуб каков што е Валенсија. Се радувам што сум во екипа со голема традиција и која има одлични навивачи, вели Невил за официјалниот сајт на клубот.
 
Тој на новата функција ќе дебитира во за една седмица во меч од Лигата на шампионите против Лион.
 
За постариот од браќата Невил ова ќе биде прва тренерска работа во кариерата, откако одигра 20 години за Манчестер Јунајтед.