Ракомет
29. December 2016 - 20:02

Георгиевски: Со напорна работа за нас е остварлив пласманот во вториот круг

Македонската ракометна репрезентација ги одработува последните денови од првата фаза од подготовките за Светското првенство во Франција. Избраниците на селекторот Лино Черварнапорно работат во Маврово, а оптимистички расположен е десното крило Гоце Георгиевски.

- Се работи навистина напорно, тука во Маврово пред се на физички план. На тактички план акцент ќе има пред се на вториот дел од подготовките во Скопје, иако и тука веќе нешто тренираме. Играме во тешка група, но со напорна работа за нас е остварлив е и пласманот во вториот круг (осминафиналето), изјави Георгиевски.

Репрезентацијата во Маврово ќе биде до утре, а од вчера на подготовките се приклучи и Дејан Манасков. Филип Миркуловски допатува во Македонија, но со тренинзи со репрезентацијата ќе почне на 2 јануари во вториот дел од подготовките.

Македонија на Светското првенство настапува во групата во Мец, заедно со селекциите на: Тунис (12 јануари), Ангола (14 јануари), Словенија (16 јануари), Шпанија (18 јануари) и Исланд (19 јануари). Репрезентацијата за Франција ќе патува на 10 јануари.