Бизнис
2. December 2015 - 20:00

Гентерм ја финализира изградбата на фабриката во Прилеп - Од март стартува со работа

Нови 2.000 работни места, како и голем број индиректни вработувања преку соработката со локални компании ќе овозможи отворањето на фабриката на Гентерм во Прилеп, американска инвестиција од 20 милиони евра.

Изградбата на фабриката е во завршна фаза и во март ќе почне со производство на технологија за затполување и разладување за автомобислки брендови како Порше и БМВ.  

Покрај оваа, прмеиерот Груевски најави дека наскоро во зоната во Прилеп ќе има уште една инвестиција, на германската компанија Акомпласт.

Покрај овие, вчера беше потпишан договорот и за изградба на фабриката на италијанската Монтанте груп, а за неколку дена Груевски го најви и отварањето на фабриката на Капком во ТИРЗ Скопје. Гентерм инвестициската дестинација ја бирала меѓу повеќе земји. Било одлучено да се инвестира во Македонија заради квалификуваната работна сила и одличната деловна клима.

Компанијата веќе вработила 350 луѓе и тие се обучуваат во фабриката во Украина.

Зоната во Прилеп е со површина од 68 хектари и ја сочинуваат 23 градежни парцели.

Покрај постојните 14, премиерот најави оснивање на уште три нови технолошко индустриски развојни зони, во Куманово, Липково и во Маврово Ростуше, со цел странските инвестиции да се распоредат низ повеќе региони на државата.