Генералот Весли Кларк се надева дека Србија ќе ја следи Црна Гора во НАТО
Пензионираниот американски генерал Весли Кларк ја повика Србија да го следи примерот на Црна Гора и да го смени својот став кон проширувањето на НАТО.
Во интервју за црногорскиот весник „Дневне новине“, Кларк изјави дека Црна Гора е добар пример на потребата за стабилност на Балканот, надминување на конфликтите и прифаќање на западните цивилизациски вредности.
- Тоа што Црна Гора влезе во НАТО пред да влезе во ЕУ покажува како треба да се движи правилниот тек на работите, дека мора да се постигне стабилност и сигурност пред да се постигне економски раст. Се надевам дека Србија ќе го следи примерот на Црна Гора, и ќе ве следи во вашиот пат, изјави Кларк, кој беше командант на силите на НАТО во Косовската војна во 1999 година.
Црна Гора годинава стана членка на НАТО, додека Србија се изјасни дека не бара членство во Алијансата, туку само соработка.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина