Македонија
20. May 2017 - 16:48

Генерална проба на Македонската филхармонија еве како изледа одвнатре како звучи и што се има

Новиот објект на Македонската филхармонија подготвен за утрешното отворање. Гостите ќе имаат можност да присуствуваат на ексклузивниот концерт на Филхармонијата во концертната сала со  модерен светски изглед и стандарди, и извонредна акустика . Изградбата на објектот траеше 7 години а увид во новите простории денеска изврши лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Тој од раководството доби и благодарница за неговиот придонес во изградбата.. Ниту една филхармонија во регионот нема концертна сала. Објектот веќе има добиено меѓународна награда за најдобро идејно решение.

Привршува и изградбата на објектот од 20 000 квадрати, во кој што ќе се сместат 10 државни институции како и Факултетот за драмски уметности. Инвестицијата е вредна 20 милиони евра.

Груевски информираше дека се склучени договорите за изградба на 2 студентски домови, Медицинар и студенсткиот дом во склоп на Тетовскиот универзитет. За неколку недели ќе почне изградбата. За третиот студентски во општина Карпош избран е идеен проект.  .