Македонија
26. April 2016 - 16:18

Гемиџиите го поарчија животот за Македонија, а по 113 години им газат врз спомениците

Пред 113 години го поарчија својот живот за да му кажат на светот дека постои земја што се вика Македонија. Гемиџиите со својата саможртва, трајно се запишаа во македонската историја. Денеска пред споменикот на славните Гемиџии во Велес се одбележаа 113 години од солунските атентати. Според историчарите, сквернавењето на спомениците кое се случува во изминатиот период во Скопје, значи непочитување на македонската историја и нејзините херои.

Два дена траеле атентатите на Гемиџиите. Нивната цел била да се привлече вниманието на Европа за страдањата на македонскиот народ.