Спорт плус
8. February 2017 - 15:18

Геј го освои златото во „супер-џи“ на СП во Швајцарија

 
 
 Ерик Геј од Канада го освои златниот, а неговиот сонародник Мануел Озборн-Парадис бронзениот медал на денешната трка во дисциплината супер-велслалом што се возеше на вториот натпреварувачки ден од Светското првенство во Сент Мориц.
 
Победникот Геј патеката ја мина во време од 1:25.38 минути или за пола секунда побрзо од својот сонародник (1:25.89 минути)
 
Место на подиумот меѓу двајцата канадски скијачи обезбеди Кјетил Јансурд од Норвешка кој беше побавен за 0.45 секунди зад новиот светски шампион.
 
За 33-годишниот Геј ова беше второ злато од Мундијалите.