-->
-->
Газпром со план за инвестиции од 2,5 милиајрди долари во Белорусија
-->
Газпром планира до 2020 година да инвестира во мрежата за пренос на гас во Белорусија до 2,5 милијарди долари. Тоа се вели во материјали објавени по повод денешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Минск.
Рускиот енергетски гигант е сопственик на белорускиот дел од гасоводот Јамал-Европа.
Според документот, до 2020 година Газпром планира да инвестира во развојот на гасоводниот систем на Белорусија од два до 2,5 милијарди долари.
Русија е главен испорачател на нафта и природен гас во Белорусија. Белорусија и Русија имаат стратешка соработка во енергетиката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени