Свет
19. October 2017 - 11:52

„Газпром“: По дното на морето изградивме 373 километри од Турски поток

Најголемиот руски производител на гас, „Газпром", соопшти дека изградил 373 километри подводни делови од гасоводот Турски поток, кој оди по должината на дното на Црното Море.

- Изградбата на гасоводот Турски поток, кој е уште еден нов гасовод за испорака на руски гас во земјите надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД), е во полн замав. Во подморската траса се изградени 373 километри гасовод, се наведува во соопштението на компанијата. 

Проектот Турски поток предвидува изградба на гасовод низ Црното Море до европскиот дел на Турција и понатаму до границата со Грција.

Првиот крак на гасоводот е наменет за снабдување на турскиот пазар со гас, додека другите ќе се користат за снабдување со гас на јужна и југоисточна Европа. Секој крак ќе има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.