Свет
29. November 2017 - 20:48

„Газпром“ изгради една третина од морската делница на „Турски поток“

Руската гасна компанија „Газпром“ информираше дека веќе изградила околу една третина од проектираниот гасовод „Турски поток“.

Според компанијата, поставени се 555 километри подводни цевки, кои ќе ги поврзат Русија и Турција преку Црното Море.

Изградбата на гасоводот започна во мај годинава. Проектот ќе чини шест милијарди долари и кога ќе биде завршен ќе може да пренесеува 31,5 милијарди кубни метри гас годишно од Русија до Турција, по што преку дополнителни линии гасот ќе може да се дистриубира до пазарите во Европската унија, а притоа да се заобиколи Украина.

Инаку, директорот на „Газпром“, Алексеј Милер денеска престојува во Белград на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Србија е една од државите кои се очекува да се најдат на рутата на „Турски поток“, кој, според оригиналната замисла, од Турција треба да продолжи преку Грција, Македонија, Србија и Унгарија до Австрија.