„Газпром“ годинава ќе издвои 540 милиони евра за „Турски поток“
Рускиот енергетски гигнат „Газпром“ за 2016 година има предвидено над 38 милијарди рубљи (540 милиони евра) за подготовка за изградба на гасоводната мрежа за проектот „Турски поток“, јави ТАСС.
- Соодветно на преразгледаната инвестициска програма на „Газпром“ за 2016 година, планирани се 38 милијарди рубљи за реализација на проектот, се посочува во се вели во меморандум на рускиот холдинг,
Проектот го најави руската Влада уште во декември 2014 година, како замена на „Јужен поток“. Гасоводот „Турски поток“ ќе биде долг 660 километри по стариот коридор и уште 250 километри од новата делница до европскиот дел Турција.
На 1 декември 2014, „Газпром“ и турската компанија „Боташ“ потпишаа меморандум за взаемна соработка за изградба на гасоводот „Турски поток“, што ќе има капацитет од 63 милијарди кубни метри гас годишно и ќе го пренесува енергенсот од Русија кон Турција преку Црното Море.
Проектот беше замрзнат минатата есен по влошување на односите меѓу Москва и Анкара, поради уривањето на руски авион од страна на турските сили над границата со Сирија. По затоплувањето на односите меѓу двете земји во јули годинава, беше најавена возобнова на проектот, а при неодамнешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Истанбул и официјално беше потпишан договор за изградба на гасоводот.
Вкупната вредност на проектот се проценува на 11,4 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка