Македонија
31. January 2017 - 12:13

Гарет: Партиите работат на составување влада и се истражуваат сите можности

Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет денеска во коментар на политичките случувања во државава изјави дека партиите работат на составување влада и се истражуваат сите можности. 

Многу од работите, посочи Гарет, зависат од тековните состаноци и разговори коишто  сега се случуваат.

- Ситуацијата се уште не е решена, партиите работат на составување влада и ги истражуваат сите можности врз основа на изборите на 11 декември, изјави Гарет, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Конференција посветена на споделување практики и иновативни модели за подигнување на младинската вработливост во Европа. 

Изрази надеж за соработка со идната влада  во насока на продолжување на реформите.

- Се надеваме дека ќе можеме да работиме со новата  влада со посветеност на реформите, рече амбасадорот Гарет.