Македонија
25. August 2017 - 16:32

Гардијан: Земјите од ЕУ ќе ги враќаат бегалците таму каде прв пат се регистрирале

Земји членки на ЕУ започнуваат процес на враќање на дел од бегалците во Грција, пишува угледниот британски весник Гардијан.

Според весникот, и покрај критиките од организациите за заштита на човековите права, во неколку земји се започнати процедурите за враќање на дел од барателите на азил кои прв пат биле регистрирани во Грција.

Германија веќе изготвила 400 барања за релокација на бегалци, потврдиле извори од Берлин и Атина. Велика Британија, Франција, Холандија и Норвешка исто така бараат враќање на бегалците на нивната првична точка на европското тло.

Грчкиот министер за миграција ги потврдил инфиормациите на весникот.

- Администрративните процедури започнаа и очекуваме следниот месец да почнат да се враќаат мигрантите. Ќе започнеме со симболична бројка, како чин на пријателство кон другите европски земји. Грција веќе прифати премногу бегалци, се наоѓаме под огромен притисок што да прифатиме повеќе би било апсурно и смешно ако не и трагично, изјави Јоанис Музалас, министер за миграции на Грција.

Тој сеуште не знае каде тие би биле сместени. Официјални претставници за Гардијан брифираат дека за трансферот на мигранти назад кон Грција не било побарано мислоењето на Атина- причина е тоа што Грција е земја членка на ЕУ и ги користи фондовите на Брисел. Оваа постапока нема да се однесува на барателите на азил кои пристигнале во ЕУ пред март оваа година.

Бројот на бегалци кои пристигнуваат во Европа драстично се намали по договорот за сместување на сириските бегалци кој го постигнаа Европската Унија и Турција. Но сепак секоја недела стотици пристигтнуваат на европскиот континент.

Можноста Македонија да отвори нови бегалски кампови со недели предизвикува реакции во дел од јавноста. Граѓанската иницијатива Будење собира потписи против ваквата можност а дел од општинските совети ова прашање го поставија и на дневен ред за расправа.

Шефот на македонската дипломатија доцна синоќа одговори преку Фејсбук.

- Имав стотини средби од 1 јуни наваму. Ниту еден, НИТУ ЕДЕН соговорник нема побарано Македонија да стане земја дестинација за бегалци. #факт

Потребата да се шири страв потекнува од сопствениот страв - од одговорност!, порача Димитров.