„Гардијан“: Холандија станува „нарко држава“
- Холандија се повеќе станува „нарко држава“, бидејќи полицијата не може да се справи со растот на паралелната криминална економија, оценува лондонски „Гардијан“.
Весникот наведува дека официјалните податоци покажуваат пад на криминалот, но според извештај на холандската полиција, тоа се должи на фактот што жртвите се поретко ги пријавуваат инцидентите стравувајќи од криминалните групи, кои се повеќе се шират.
- Со сегашниот број на луѓе и ресурси можеме да третираме само една од секоја деветта криминална група. Детективи следат како малите криминалци прераснуваат во богати претприемачи, кои влегуваат во секторите на услуги, недвижности, туризам и слично. Холандија има многу карактеристики на нарко држава, стои во извештајот во чија изработка учествувале околку 400 полициски детективи.
Шефот на амстердамската полиција, Питер-Јап Алберсберг за „Гардијан“ вели дека неговите полицајци трошат 60 до 70 отсто од времето само на „платени убиства на локалните банди“.
- Младите луѓе денес се подготвени да извршат убиство и за 3.000 евра. Некогаш од странство доаѓаа платени убијци за 50.000 евра. Сега имаме домашни убијци од Амстердам, истакнува Алберсберг.
Критичарите на либералните прописи за трговија со канабис и за легализација на поституцијата, сметаат дека токму тоа е причина што Холандија станува главен центар на трговијата со наркотици и луѓе.
Податоците покажуваат дека поголемиот дел од екстазито што се продава во Европа и во САД е произведено во лаборатории во јужна Холандија, кои се под контрола на марокански криминални банди, кои воедно го контролираат и производството на канабис.
Според Европол, речиси половина од кокаинот што се нуди во Европа, на континентот стигнал преку пристаништето во Ротердам.
Токму поради веквите состојби, холандската полиција бара од властите да одобрат вработување на уште најмалку 2.000 нови полицајци
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар