Македонија
24. February 2016 - 16:22

Гаранции за 4 услови добил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Медиумите веќе не се услов за одржување на изборите. Нема да има ни преговори на работните групи за законот за медиуми – ваква гаранција добил вчера претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски од американскиот амбасадор Џес Бејли.

Американскиот амбасадор и синоќа и денес го потврди ветувањето. Составот на Агенцијата за медиуми останува ист и нема да се менува законот за медиуми, новинарите се тие кои ќе одлучат како ќе информираат за изборите, следејќи го етичкиот кодекс кои самите го потпишаа.Етичкиот кодекс за кој говори Бејли беше инициран од Советот за Етика во медиумите. На 12ти месецов околу 60 медиуми потпишаа дека за време на изборите ќе информираат балансирано и нема да имаат свои фаворити помеѓу кандидатите.

Решението на Твитер го поздрави и Еврокомесарот Јоханес Хан, кој истакна дека со договорот за избори на 5ти јуми се спасил договорот од Пржино. Хан додава дека рефорсмките процеси, меѓу кои и оние за медиумите, мора да продолжат подржани од сите политички чинители.

Со повик за почитување на етичкиот кодекс излезе и Агенцијата за медиуми.

- Барањата за правичност, непристрасност и баланс во известувањето не се однесуваат само на периодот на изборниот процес – тоа е само поинаков начин да се формира начелото за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта – стои во соопштението на АВМУ.

Кодексот на барање на Агенцијата за медиуми беше изработен од Македонската Асоцијација на новинари, со подршка од неколку амбасади.

Во преговорите, на кои сега им се става крај, Социјалдемократите бараа промена во Законот за Медими со која Агенцијата за медиуми би ја формирале членови кои доаѓаат од организации под капата на соросовата фондација. Во исто време, СДСМ бараше на новинарите би им се забрани да ги искажууваат своите мислења. Овие барања, кои сега се одбиени од Амбасадорите на САД и ЕУ, од новинарската фела и меѓународните експерти беа оценети како тоталитарни и неосновани.

И покрај одложувањето на изборите од 24ти април на 5ти јуни, и цврстото ветување од страна на Бејли дека медиумите веќе не се тема, лидерот на СДСМ Зоран Заев, до сега не се произнесе дали го прифаќа решенито известувањето да се регулира преку етички кодекс а не преку предлог законот за медиуми на СДСМ.