Фудбал
26. September 2017 - 21:37

Гачевски: Со Розенборг нема што да загубиме

Фудбалерите на македонскиот првак Вардар денеска го имаа последниот тренинг во Скопје пред гостувањето во Норвешка во рамките на 2.коло од Лига Европа. Вардар ќе игра против норвешкиот првак Розенборг.
 
- Знамеме дека ќе имаме тежок натпревар.Воедно ќе играме трет натпревар против скандинавска екипа оваа сезона, по дуелите со Малме и со Копенхаген, сега на ред е Розенборг. Мислам дека со Розенборг немаме што да изгубиме. Со пласманот во Лига Европа направивме голем успех и се што ќе  постигнеме е голем плус и ќе се обидеме да направиме добар резултат и за нас и за Македонија и очекувам да се гордееме сите заедно, изјави голманот на „црвено-црните“ Филип Гачевски.
 
Во првото коло од групата  ЛВардар загуби дома од Зенит со 5:0, додека Розенборг беше поразен на гостувањето кај Реал Сосиедад со 4:0. Дуелот Розенборг - Вардар се игра во четврток со почеток во 19 часот.