Свет
25. April 2017 - 12:50

Габриел: Жал ми е ако израелскиот премиер одбие средба

Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел изјави дека ќе биде „благо кажано, забележително“, доколку израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откаже предвидена средба во Израел помеѓу нив, како што тој и се заканува, пренесува БТА.

Нетанјаху претходно изјави дека доколку Габриел се сретне со две невладини организации, критички настроени кон израелските дејствија на Западниот Брег, тој ќе ја откаже средбата.

- Замислете си израелскиот премиер да дојде во Германија и да побара да се сретне со луѓе критички насочени кон Владата, а ние да кажеме - не може. Тоа би било незамисливо, изјави Габриел за германската телевизија ЗДФ.

Германија е еден од најблиските сојузници на Израел, но последниве години Берлин упатува се повеќе критики кон плановите на Израел за градење нови населби на Западниот Брег.