-->
-->
Габриел бил „известен“ од партијата дека нема да биде во новата Влада
-->
Техничкиот министер за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел денеска објави дека нема да биде член на новата Влада на конзервативната канцеларка Ангела Меркел која ќе биде на чело на коалицијата со Социјалдемократската партија на Германија (СПД).
Со коалицискиот договор е договорено новиот министер за надворешни работи да биде од СПД, а партијата најави дека одлуката ќе ја донесе утре претпладне.
Габриел, кој е поранешен претседател на СПД, на Фејсбук соопшти дека новите лидери на партијата Олаф Шолц и Андреа Налес го известиле дека нема да биде дел од новата Влада.
- Служењето на партијата беше голема чест поради која сум длабоко благодарен, наведе Габриел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари