ФЗОМ: Валерија Зафировска нема конзилијарно мислење од соодветна ЗУ
Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека во врска со апелот за донација за лекување во странство на девојчето Валерија Зафировска, стапил во контакт со родителот и утврдил дека осигуреното лице не располага со конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена установа.
Од Фондот наведуваат дека иако немаат добиено барање за лекување во странство на малата Валерија, веќе закажале состанок со стручните лица од Универзитетската клиника за неврохирургија и со Универзитетската клиника за детски болести кои ќе го дадат својот наод и стручно мислење.
Фондот максимално брзо ќе одговори и ќе излезе во пресрет на барањето за лекување во странство за осигуреното лице доколку конзилијарно мислење е потврдено од соодветната клиника и во согласност со законските прописи. Фондот искрено се надева дека лекувањето ќе биде успешно. На крајот би сакале да додадеме дека наша прва и основна цел е грижата за осигурениците, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори