ФЗОМ: Наскоро средба со претставници на Здружението на приватни гинеколози
Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека во најбрз можен рок ќе се одржи средба на нивниот менаџмент со претставници на Здружението на приватни гинеколози на Република Македонија (ЗПГАМ).
- Сите одлуки кои ќе бидат заеднички донесени ќе бидат навремено соопштени. Матичните гинеколози се најскапо платените специјалисти во Република Македонија, со просечна месечна исплата од 169.000 денари по тим. Колку за споредба, тоа е повеќе од 55.500 денари отколку што Фондот исплаќа на општ матичен лекар, стои во соопштението од ФЗОМ во врска со, како што наведуваат, барањата на Здружението на приватни гинеколози.
Од ФЗОМ наведуваат дека матичните гинеколози се важна карика во здравствениот систем, бидејќи се грижат за репродуктивното здравје на жените, а водено се во помал број од предвидениот во Република Македонија.
- Фондот го препознава овој факт и поради истото континуирано одржува редовни средби со Здружението на приватни гинеколози на РМ. Точно е дека пред два месеци беше последната средба, на која Здружението презентираше неколку барања, пред се од финансиски аспект. Фондот секогаш ги носи своите одлуки во интерес на своите осигуренички, а пред се, во насока на обезбедување квалитетна и навремена задравствена заштита, па така и овојпат, партнерски ги разгледува можностите за изедначување на капитацискиот бод за матичните гинеколози со другите матични лекари. Но, ова предвидува нови финансиски средства, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово