Фудбал
7. December 2016 - 19:13

Футсал: Португалците спасуваа пораз

Заврши турнирот во футсал „Скопје 2016“. Во последниот меч Македонија и Португалија одиграа 2-2 а големиот фаворит и 7. селекција во светот спасуваше пораз откако нашата репрезентација со головите на Петровиќ и Глигоров водеше со 2-0. 

Во последните 6 минути селекторот на гостите Хорхе Браз играше со 5 играчи во поле, без голман што резултираше со два гола кои ги постигнаа А.Коељо и Кардинал за конечни 2-2 на овој драматичен и докрај неизвесен меч во кој последната шанса за победа ја имаше Македонија. 
Со тоа Португалија е победник на турнирот откако вчера ја совлада БиХ, додека Македонија со 2 бода е втора а БиХ со еден бод последна.