Џет-Сет
11. September 2015 - 11:48

Фустанот од месо на Лејди Гага заминува во музеј

Контроверзниот фустан од месо што Лејди Гага го носече на доделувањето на МТВ музичките награди во 2010 година, ќе биде изложен во музејот „Рокенрол хала на славните“ во Кливленд.

Според соопштението на музејот, фустанот ќе биде изложен меѓу останатите музејски експонати, до крајот на годинава.

Фустанот изработен од повеќе парчиња говедско месо е дело на дизајнерот, Франко Фернандез.

Музјеот од Кливленд уште лани го купил фустанот, но досега го чувал во замрзнувач.

Лејди Гага го носеше овој фустан кога ја прими наградата за спот на годината за песната „Bad Romance“.