Џет-Сет
21. јуни 2017 - 12:48

Фустанот ја откри - Меланија Трамп бремена на 47 години?!

Американскиот претседателски пар, Доналд и Меланија Трамп вчера во Белата куќа го уостија претседателот на Панама Хуан Карлос Варела и неговата сопруга Лорена Кастиљо.

Како и секогаш, првата дама била на висина на модната задача, но две работи на неа привлекле внимание, а една од нив била и непријатно изненадување.

Првата е тоа што фотографите успеале да го фотографираат нејзиното стомаче, кое јасно се оцртувало под тоалетата. Секогаш кога ќе станела нејзиниот стомак бил во прв план. Со оглед на тоа дека важи за убавица со беспрекорна линија, веднаш започнале шпекулации дека Меланија е бремена.

Втората работа која привлекувала внимание биле изразените вени на нозете. Таа никогаш не ги криела своите недостатоци, а истакнатите вени никако не можеле да го уништат фантастичниот впечаток кој Меланија го остава.