Бизнис
16. March 2017 - 19:57

Функционирање на нафтоводот Солун-Скопје, едно од решенијата за непречено снабдување со нафтени деривати

За помалку од една година снабдувањето со стоки и горива преку најважната транспортен коридор три пати беше отежнато или целосно прекинато.

Мигрантската криза, па снегот во Грција и, неодамна, блокадите на грчките земјоделци, покажаа дека Коридорот 10 станува несигурна опција за трговијата која предизвика сериозни штети на компаниите.

Стопанствениците дека Македонија нема друга доволно развиена алтернатива и бараат ангажман и кај грчката и кај македонската страна за подобрување на сигурноста на трговската рута.

Од грчката канцеларија за врски велат дека немале начин како да ги отстранат земјоделците од граничниот премин бидејќи тамошната влада одлучила да не употребува сила врз нив. Нивните блокади траеја 19 дена и го поперечија снабдувањето со горива. За увозниците на нафтени деривати тоа е сигнал дека треба да се дозволи работа на цевководот од Солун до Скопје.

На Македонија дневно и се потребни до 150 цистерни гориво. Според компанијата Окта, цевководот има капацитет за многу поголеми количини од тоа.

Секој ден чекање на терминал ги зголемува царинските трошоци за половина процент, пресметала Царинската управа. И тоа е само еден од трошоците кој расте кога е закочен слободниот проток на стока низ границите.

Стопанствениците од двете држави побараа целосна функционалност на Коридорот 10, проширување на капацитетите на премините кон Бугарија и Албанија, заокуржување на приватизацијата на солунското пристаниште и либерализација на грчкиот железнички превоз.