Фудбал
6. September 2016 - 16:14

Фудбалот злоупотребен за големоалбански провокации

Напад со пиротехника врз трибината на која беа македонските навивачи, свиркање на химната на Македонија и политички обоената кореографија на стадионот во Скадар се дел од работите на кои двете најмоќни фудбалски организации ФИФА и УЕФА ќе треба да реагираат.
 
Албанските навивачи на стадионот во Скадар го искористија квалификацискиот натпревар помеѓу Албанија и Македонија за одново да испратат политички и националистички провокации.
 
Албанските навивачи најпрвин со свирежи го испратија интонирањето на македонската химна, а потоа на една од трибините истакнаа транспаренти со имиња на градови во западниот дел на Македонија (Тетово, Струга, Дебар, Охрид, но и Куманово и Скопје), потенцирајќи ги националистичките идеи за голема Албанија.
 
Прашање е каква ќе биде реакцијата на ФИФА, бидејќи правилата се јасни дека оваа организација не дозволува на стадионите да се искажуваат политички и особено националистички ставови.