Фудбал
23. February 2017 - 11:02

Фудбалерите на Андора по 12,5 години пауза се радуваа на победа

 
 Фудбалската репрезентација на Андора по 12,5 години пауза конечно се радуваше на победа. 
 
Во пријателски натпревар на двете најслабо рангирани европски селексии, Андора со 2:0 го победи на гостински терен Сан Марино, со што фудбалерите на Андора ја прекина серијата од 86 натпревари без триумф. Головите за Андора ги постигнаа Лима од пенал во 28.минута и Мартинез во 66.минута.
 
Ова е прва победа за Андора по 12,5 години пауза, откако последната ја остварија во дуел против репрезентацијата на Македонија на 13 октомври 2004 година, совладувајќи ја нашата репрезентација со 1:0. Ова е само прва победа на Андора на гостински терен инаку вкупно четврта во нивтанба 21-годишна историја. 
 
Затоа пак Сан Марино ќе почека некоја друга можност да ја прекине серијата од 75 натпревари без победа, откако за последен пат оваа репрезентација победила во дуелот со Лихтенштајн 1:0 на 28 април 2004 година.
 
Сан Марино и Андора на ФИФА листата се наоѓаат на 202-то и 203-то место, а зад нив се само осум репрезентации (Британските Девствени острови, Ангуила, Џибути, Еритреја, Гобралтар, Сомалија и Тонга).