Фудбал
13. December 2017 - 16:51

Фудбалери изрешетани со гумени куршуми

Нисколигашкиот фудбалски натпревар во Аргентина помеѓу Армстронг и Спортива го одбележи неверојатна бруталност на локалната полиција.

Инцидентот го започнале навивачите, а за да ја смират страста полицијата употребила гумени куршуми.

Меѓутоа целата ситуација искочила од контрола, па покрај хулиганите настрадале и фудбалери.

За полициската репресија најдобро зборува то што играчот Јулиан Гауна претрпел дури 16 рани од гумени куршуми.

Постои можност одредени полицајци д бидат суспендирани поради прекумерна употреба на сила.

 Ќе следува детална истрага, јавуваат аргентинските медиуми.