Фудбал
22. March 2016 - 17:17

Фудбалер од Премиер Лигата го преживеа нападот во Брисел

Помеѓу големиот број на луѓе кои денес во утринските часови се затекнаа на бриселскиот аеродром „Завентем“, се најде и напаѓачот на Норвич Думберси Мбокани.
 
Тој во моментот кога одекнала силната експлозија бил на безбедна одалеченост од детонацијата, така што неповреден го напуштил аеродромот, но доживеал шок.
 
Неговиот клуб во текот на денот се огласи со соопштение во кое потврдува дека репрезентативецот на Конго е жив и здрав.
 
- Мбокани бил на аеродромот во моментот на нападот. Тој е добар и не е повреден, но е потресен поради трагичните случувања во кои загинаа голем број на луѓе. Клубот е во постојана врска со Думберси, кој се вратил дома да биде со своето семејство. Мислите на сите од Норвич се со семејствата на жртвите од нападот во Белгија и нивните најблиски, се наведува во соопштението на англискиот клуб.
 
Мбокани на почетоккот од оваа сезона го засили Норвич на позајмица од киевскиот клуб Динамо. За „Канаринците“ поситгна 4 гола.