Фудбал
14. November 2017 - 15:05

Фудбал У-21: Убедлив пораз на македонските младинци од Австрија (0:4)

 
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година претрпе убедлив пораз од австриските врсници. 
 
Во четвртиот меч од квалификациите за ЕП, одигран попладнево на арената „Филип Втори“ избраниците на селекторот Благоја Милевски загубија од Австрија со 0:4 полувреме 0:3. 
 
Иако првата шанса ја имаа нашите фудбалери, со слободниот удар на  Чешмеџиев во 9.минута, сепак само три минути подоцна (12) Арнел Јакуповиќ го постигна првиот гол за гостите од Австрија. 
 
Во првиот дел Австријците постигнаа уште два гола, преку Матијас Хонсак (26) и Конрад Лаимер (36), а конечните 0:4 беа дело на Јакуповиќ (54) со вториот негов погодок 
 
По овој пораз Македонија останува последна во 7-мата квалификациска група со само 3 бодови освоени со победата во првото коло против Ерменија. 
 
Лидер во групата е Србија со максимален учинок и пет победи по пет кола, а втора е Русија со 10 бода, селекција која ќе биде следниот противник на црвено-жолтите во март (23) следната година.