Фудбал
14. November 2017 - 15:08

Фудбал У-19: Македонските јунори го „торпедира“ Лихтенштајн со 6:0

Јуниорската репрезентација на Македонија (фудбалери до 19 години) ја оствари и третата победа во квалификациите за ЕП. 
 
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ попладнево ја совладаа соодветната репрезентација на Лихтенштајн убедливо со 6-0. 
 
Серијата на голови ја отвори  Дарко Чурлинов во 3.минута, а на 2:0 зголеми Бојан Колевски  веќе во 7.та. Првиот од трите голови Димитар Митровски го постигна во 25.минута за убедливо водство од 3:0 на полувремето. Митровски во 54-тата зголеми на 5:0, а Бојан Миовски во 62-та беше стрелец на петтиот гол за црвено-жолтите. Конечниот резултат Македонија – Лихтенштајн 6:0 го постави Димитар Митровски 73.минута со својот трет погодок на мечот. 
 
Со оваа победа нашите јуниори го потврдија првото место во групата 5 во која ги совладаа и селекциите на Белгија и Швајцарија, кои пак во меѓусебниот меч директно решаваа која покрај Македонија ќе биде втората селекција која ќе се пласира во Елитната група од квалификациите. А, тоа е Белгија која ја победи Швајцарија со 5-3. 
 
Квалификациските натпревари од Елитната група ќе се играат напролет.