Фудбал
28. October 2016 - 18:04

Фудбал У-17: Македонија одигра нерешено со Италија

 
 
 Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години одигра нерешено против врсниците од Италија. 
 
На средбата одиграна попладнево во италијанскиот град Форли, а во рамките  2.коло на групата 4 во квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 17 години, Македонија и Италија одиграа без голови 0:0.
 
Со овој резултат избраниците на селекторот Добринко Илиевски ги задржаа реалните шанси за освојување на второто место во групата кое носи пласман во следниот круг квалификации. 
 
Имајќи ја в предвид денешната победа на Србија над Албанија со 2:0, во последното коло на младите македонски фудбалери потребна им е победа над Албанија, но и триумф на Србија во дуелот со Италија.
 
На водечка е Србија со 6 бодови, пред Италија која има 4, Македонија 1, а последна е Албанија без освоен бод. 
 
Натпреварите од последното 3.коло Македонија и Албанија и Србија – Италија ќе се играат во понеделник (31 октомври), со почетокот од 15 часот.