-->
-->
Фудбал У-17: Македонија ја победи Албанија
-->
Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години славеше победа против врсниците од Албанија.
На средбата одиграна попладнево во италијанскиот град Форли, а во рамките последното 3.коло на групата 4 во квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 17 години, Македонија ја победи Албанија со 2:1.
Иако губеа со 0:1, по голот на Емилијано Булари во 52.минута, сепак избраниците на селекторот Добринко Илиевски успеаја да направат пресврт. По замо две минути Бојан Колевски израмни на 1:1, а Бесник Ферати во 64.минута и донесе победа на Македонија од 2:1, прва на квалификацискиот турнир во Италија.
Со тоа, македонските надежи го освоија 3.место со 3 бодови во групата во која првопласираната Италија собра 7, а Србија 6 бода, додека Албанија не освои ниту еден бод.
Сега на црвено-жолтите им останува да ги сочекаат натпреварите од 12-тата група, за да знаат дали ќе ги продолжат квалификациите понатаму.
Имено наглавниот квалификациски турнир во Хрватска ќе патуваат двете првопласирани селекции од сите групи и дополнително уште четири најдобри третопласирани репрезентатции. Македонија во моментно е петта, а може да биде и шестопласирана и да испадне во конкуреција на третопласираните доколку некоја ос репрезентациуте во 12-тата група има подобар учинок од нашата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот