Свет
2. February 2018 - 16:54

ФТ: ЕУ има план за прием на шест држави од Балканот

ЕУ планира во своето членство да вклучи шест балкански држави –  Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово пишува Фајненшнл Тајмс. Брисел на тој начин сака да внесе нова енергија во проширувањето, да ја зајакне контролата над миграцијата и да се спротистави на влијанието на Русија во нестабилниот регион анализира угледниот весник и притоа забележува  дека Моска почнала цинично да ги коментира ветувањата кои ЕУ им ги дваа на земјите од Западниот Балкан околу членството, нудејќи се себеси како алтернатива. 

Новиот план на Брисел, според наводите на Фајненшнл Тајмс ќе биде претставен на Европската комисија на 6 февруари кога ЕУ би требало, според претходните најави, да го претстави својот план за Западен Балкан.

Се очекува новиот план да биде прифатен, додава весникот. Во тесктот со наслов  ЕУ со мапа за членство на шест балкански земји, се потсетува и дека рокот за големото проширување е 2025 година но и дека тој  датум е подложен на промени.

Понатаму се додава дека еврпоските дипломати се согласни дека проширувањето е потребно, но сепак споменатите шест земји пред конечниот прием во ЕУ ќе мораат да ги решат билатреални прашања и проблемите со корупцијата. 

Во таа смисла, како што се истакнува, најблиску до достигнување на целта за влез во 2025 година се Србија и Црна Гора. На крајот на текстот се додава дека и Бугарија, која моментално претседава со Унијата, но и Австрија која ќе ја наследи, како свои приоритети го одредиле проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.