Македонија
17. January 2017 - 10:59

Фрлени 113 тони сол на улиците и булеварите во Скопје

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатита ноќ фрлија 113 тони сол на булеварите и улици, особено на критичните места.

Како што соопшти Град Скопје, екипите на зимската служба со возилата со ринење интервенирале низ градските сообраќајници и на критичните точки односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Зимската служба на Градот ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.