Живот
14. August 2017 - 13:32

Фризерка одбила да и ја ишиша косата на тинејџерка која страдала од депресија, и ја средувала 13 часа па еве како изгледа сега

Кејт Остен, фризерка од Ајова, споделила фотографија од 16- годишна девојка на која јасно се гледа дека косата и е во очајна состојба.

Девојката веќе неколку години патела од тешка депресија и со денови не станувала од кревет. Девојката барала од Кејт да и ја одсече косата, зошто се чувствувала очајно и безвредно, па поради тоа не се ни чешлала.

Кејт одлучила да не ја послуша туку да и помогне на оваа тинејџерка која со години страдала од депресија.

-Стигнала до точка каде, немала сила ни воља да се исчешла. Од кревет станувала само за да оди до тоалет. Кога влезе во салонот ми кажа да ишишам се и дека се чувствува безвредно. Тоа ми го скрши срцето, па одлучивме да и помогнеме да ја сочува косата- рекла Кејт.

Кејт и нејзините колеги работеле цели осум часа на средување на косата на тинејџерката а наредниот ден уште пет но резултатите биле зачудувачки.

-Успеавме да ја насмееме и да направиме да се чувствува убава и вредна- изјавила Кејт за тинејџерката, чије име не се споменува и додава дека им била благодарна до небо.