„Фридом хаус“: Се повеќе влади манипулираат со социјалните медиуми и интернетот
Се повеќе влади ги следат примерите на Русија и Кина со манипулирање на социјалните медиуми и потиснување на изразување на мислења на интернет, што претставува сериозна закана за демократијата, соопшти денеска организацијата за човекови права „Фридом Хаус“ во извештајот „Слободата на Интернет“ за 2017 година.
Студијата за слободата на интернет, која е спроведена во 65 земји, покажа дека 30 влади користат некаква форма на манипулација за да ги нарушат информациите на интернет, во споредба со 23 од претходната година.
Тие манипулации вклучуваат платени коментатори, тролови, "ботови" и лажни вести.
Во извештајот се вели дека тактиките за онлајн манипулација и дезинформации одиграа важна улога во изборите во најмалку 18 земји минатата година, вклучувајќи ги и САД.
- Употребата на платените коментатори и политичките ботови за ширење владина пропаганда беше промовирана од Кина и Русија, но сега стана глобална. Ефектите врз демократијата и граѓанскиот активизам од овие техники кои многу брзо се шират, се потенцијално катастрофални, изјави Мајкл Абрамовиц, претседател на „Фридом хаус“.
Сања Кели, директор на проектот „Слобода на Интернет“ објасни дека таквите манипулации често се тешки за откривање и уште потешки за борба со нив, за разлика од другите видови на цензура, како што се блокирање на веб-страници.
Организацијата соопшти дека 2017 година е седма година по ред која ја карактеризира целокупен пад на слободата на интернет, како резултат на овие и други напори за филтрирање и цензурирање на информациите на интернет.
Ново на Сител
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје