Македонија
5. јуни 2017 - 16:31

Фрчковски со препораки до новата Влада за првите нејзини чекори

Рушење на споменици и фасади, реизбор на судии, легализација на дроги и проституција се само дел од барањата кои универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски и ги испорачува на новата Влада. Како еден од првите чекори по укинувањето на екстгерното тестирање Фрчковски во својата најнова колумна со наслов „Само напред и никогаш роб“, го наведува уништувањето на проектот Скопје 2014-та.

-Итно отстранување на неколку споменици и фасади од проектот Скопје 2014 (Александар и Филип не се наши национални споменици, да не зборувам за Ќосето пред Судска палата, фасадите на Владата, Нама и новионт брутализам на дел од Поштата, пишува Фрчковски.

-Нов закон за абортусот (со негова либерализација и насоченост кон здравјето и телото на жената и контролата врз него на неа исклучиво),

-Заштита и поддршка на ЛГБТ лица (опција за „граѓански партнерства треба да биде отворена), Сексуални работнички (чија работа треба да се регулиура и заштити, а не подложува единствено на полициски прогон и злоупотреби),

-Депенализација на лесни дроги и легализација на употребата на марихуаната, заклучува Фрчковски во својата колумна.

Дел од неговите барања и препораки упатени до Владата на Заев се и во насока на реизбор на судии по модели превземени од соседството, смена на обвинителите, како и нов закон за Високо Образование кој е веќе подготвен од експертска група на професорскиот пленум.