Балкан
27. April 2017 - 16:30

Францускиот суд го ослободи Харадинај

Рамуш Харадинај е слободен човек. Без никаква пречка може да  ја напушти Франција и да се врати на Косово.  

Апелацискиот суд во францускиот град Колмар утрово одлучи да не го испорача Харадинај на Србија, без притоа да ја образложи одлуката.   

Ова е голема победа за Албанците порача  лидерот на Алијансата за иднината на Косово  по  судската одлука која предизвика славење во Приштина и разочарување во Белград.

Екс косовскиот премиер и командат на ОВК  беше уапсен  на 4 јануари  во Франција по потерница распишана од Србија   која го терети  за извршени воени злосторства  врз срби  за време на војната на Косово  во 1998 и 1999 година.