Балкан
2. јуни 2016 - 8:26

Францускиот премиер во посета на Атина

Бегалската криза и помошта што Франција би можела да и ја додели на Грција за справувања со проблемот со мигрантите на нејзина територија, ќе бидат главни теми на разговори на францускиот премиер Мануел Валс со неговите домаќини во Атина.

Се очекува Валс, кој денеска треба да допатува во дводневна официјална посета на Грција, да ја изрази француската поддршка за Атина во време кога грчката Влада постигна нов договор со кредиториите и се соочува со незадоволство во домашната јавност поради новите мерки за штедење.  

Како што јави АНА-МПА, во рамки на посетата на Атина, Валс утре ќе има разговор во четири очи со грчкиот премиер Алексис Ципрас, на кој се очекува да бидат утврдени перспективите за развој на грчко-француските односи.

Најавено е и дека двајцата премиер ќе потпишат договор со патокзаи за стратешка соработка меѓу Грција и Франција.