Францускиот печат за нападот на Шанзелизе: Заканата е постојана
Француските дневни весници во утринските изданија се осврнуваат на синоќешниот терористички напад во центарот на Париз, во кој загина еден полицаец, а за кој одговрност презеде групата Исламската држава, јави дописникот на МИА од главниот град на Франција.
„Тероризам повторно во центарот на Париз“, наведува „Фигаро“, нагласувајќи дека „безбедносните сили платиле висока цена од 2012 година“, започнувајќи со нападите на Мохамед Мера. - Здивот на тероризмот посеа смрт во четвртокот ноќта во многу симболичниот кварт Шанзелизе. Варварство повторно го погоди главниот град во срцето, пишува весникот.
Со слична констатација излегува и „Паризиен“. - Полицајците се цели. Како војниците. Како свештениците. Како Евреите. Како дизајнерите, новинарите... децата на шетлиштето (во Ница), жените, терасите и млади луѓе на концерти, наведува весникот, додавајќи дека „во реалноста заканата е постојана и универзална: Овие луѓе не се ништо друго туку убијци“,
„По Лувр и Орли, сега и Шанзелизе“, оценува „Суд-Уест“. - Секој знае дека не постои нулта ризик. И дека најдобар одговор за терористите и џихадистите и од сите видови, се уште и секогаш е националното единство, тврди весникот.
- Дистилираат страв за да видат како се инсталира омраза - и обратно - тоа е целта, смета „Журнал де ла От Марн“. - Ако не успееме да се навикнеме на овие терористички напади, едно мора да имаме на ум дека тие можат да се случат во секое време, додава весникот.
- Насилството - кое јасно го носи потписот на тероризмот - беше покажано синоќа во вестите... на симболично место познато на сите и на само неколку часа пред претседателските избори, смета „Ла Депеш ди Миди“.
Три дена пред првиот круг од претседателските избори „смртта на еден полицаец по престрелка на Шанзелизе одеднаш го соочи говорот на кандидатите со реалноста за тероризмот што и се заканува на Франција и Европа, оценува „Ла Либре Шарант“.
Ново на Сител
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје