Македонија
14. September 2017 - 9:15

„Француски филмски фестивал“ во Битола

Со изведба на комедијата „Не  е мој тип“ на Лука Белво, вечер во Битола ќе биде отворен дводневниот „Француски филмски фестивал“, организиран од НУ Центар за култура -Битола и француската Алијанса од овој град.

На двете фестивалски вечери ќе бидат емитувани четири француски филмови за кои постои голем интерес.

- На свеченото отворање, вечер од 20 часот ќе биде емитувана комедијата „Не е мој тип“ на Лука Белво, во која настапуваат познатите актери Емили Дикен, Лоик Корбери и Сандра Нкак, додека во ноќната програма ќе биде емитуван францускиот трилер „Случајот СК-1“ на режисерот Фредерик Телие во кој настапуваат Рафаел Персоназ и Натали Бај, информираа од националната установа.

Културната манифестација „Француски филмски фестивал“ завршува утревечер со проекција на филмовите „Убавка и Себастијен“ во режија на Никола Вание и „Семејството Белие“ во режија на Ерик Лартиго, која низ градовите во Македонија се реализира од 14 јуни, а ќе заврши на 19 ноември.