Свет
15. December 2015 - 14:57

Француската полиција приведе тројца осомничени за нападите во Париз

Француската полиција приведе денеска три лица осомничени за нападите во Париз. Едното лице е уапсено во предградие на Париз, а другите две во околината на Лил.

Рано изутрината во едно од париските предградија бил уапсен 29-годишен маж, осомничен за логистична поддршка на терористите, кои ги извршиле нападите на 13 ноември, во кои загинаа 130 лица. Тој е осомничен дека му доставувал оружје на исламистот Абделхамид Абауд, кој се смета за директен организатор на нападите. 

Во околината на Лил полицијата приведе уште две лица, маж и жена. Полицијата за нив има информации дека му продавале оружје на терористот Амеди Кулибали, кој учествуваше во нападите од 7 и 9 јануари врз редакцијата на неделникот „Шарли ебдо“, каде беа застрелани 17 лица и во продавница за кошер храна, во која беа убиени четири лица.