Свет
6. March 2017 - 22:17

Франција: Републиканската партија едногласно ја поддржа кандидатурата на Фијон

Раководството на француската Републиканска партија едногласно го поддржа Франсоа Фијон за кандидат на партијата на претседателските избори во Франција, и покрај обвиненијата за злоупотреба на државни пари, потврди претседавачот на францускиот Сенат Жерар Ларше. 

Претходно денеска, поранешниот француски премиер Ален Жипе ја отфрли можноста да го замени Фијон како републикански кандидат на претседателските избори. 

Претседателските избори во Франција ќе се одржат на 23 април.