Свет
23. April 2017 - 17:04

Франција избира претседател

11 кандидати учествуваат на  најнезивесните претседателските избори во Франција  а  47 милиони граѓани имаат право да гласаат . Дел од нив  и на самиот ден на гласањето се неодлучни

Ова е првпат да сум неодлучна околу изборот...навистина  е тешко да се избере денес вели една французинка.

Имам впечаток дека оној кој ќе  биде претседател нема да промени многу.Значи, изборот  ќе биде многу тежок  и за жал ова може да биде гласање од инает, порачува друга французинка.

Кандидатите кои по популарноста се издовија од останататите се центристот Емануел Макрон, екстремната  десничарка Марин Ле Пен , десничарот Франсоа Фијон и радикалниот левичар Жан Лук Меланшон. Победникот не се очекува да биде познат по денешниот прв кру. Клучната битка ќе се води на 7 мај.  Најголеми шанси за влез во вториот круг, според анкетите, имаат  Макрон и  Ле Пен , од кој како победник би излегол Макрон.

На победата на независниот кандидат се надеваат и ЕУ и светската елита, со оглед на тоа дека  неговите ставови  се по нивна мерка за разлика од оние на Марин Ле Пен. Изборниот процес се одвива под силни безбедносни мерки поради страв од нови терористички напади.

На терен се 50 000 полицајци и припданици на жандармеријата , како и над 7000 војници.  Полицикисте сили биле принудени да интервенираат  на  изборното место каде што гласала  Ле Пен, при што  привеле неколку активистки на Фемен кои направиле метеж непосредна пред таа да гласа.  Уште еден инцидент го одбележа денешното гласање- возач со автомобил се обидел да влета во избирачко место во Бесансон.