Франција 2017: Светскиот првак почна со победа
Убедлива победа изразена со 15 голови разлика (31:16) забележа домаќинот Франција против Бразил синоќа во Нант на отворањето на 25.Светско ракометно првенство.
Во првото полувреме одличен на голот на француската репрезентација беше Тиери Омејер со 14 одбрани. Во ист стил во вторите 30 минути голот го чуваше Винсент Жерар.
Победникот се наѕираше уште по десетина минути игра кога Французите направи пет гола позитива, а на полувреме предноста беше двоцифрена (17:7). Во вториот дел домаќинот поведе и со 15 голови разлика и натпреварот рутинирано го приведе кон крајот.
Валентин Порте со шест гола беше најефикасен во победничкиот состав, Толедо со пет погодоци се истакна во бразилскиот национален тим.
На другите натпревари од групата А во првото коло денеска играат:
Русија – Јапонија (17:45 часот) и
Полска – Норвешка (20:45).
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски