Франција 2017: Словенија трет противник на Македонија
Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево во дуелот со Словенија ќе ја има првата можност сама да обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во Франција. Во Б групата во Мец ривал на нашите ракометари ни е Словенија селекција од која пред две години загубивме во осминафинале во Доха (28:30). Досега со оваа селекција имаме одиграно четири официјални дулеи и имаме само една победа на Европското првенство во Србија 2012 година во дуелот за 5.место.
Во таборот на Македонија се подготвени за предизвикот и натпреварот против фавориот Словенија.
- Имаме два добри резултат. Потребна е концентрација во текот на целиот натпревар. Играта на Словенија ја познаваме, немаат слаб играч. Потребна е добра одбрана за да имаме добар резултат за осминафинале, но ќе биде потребно да се одигра и добар напад. Треба да се затвори средината и играта на нивните средни бекови и да ги спречиме нивните контри и полуконтри, изјави Влатко Митков.
Покрај натпреварот Македонија – Словенија од оваа група играат уште Шпанија – Ангола. Ова се дуели од 3.коло, а вчера Исланд и Тунис одиграа нершено 22:22.
Табела: Словенија 4 бодови, Македонија 4, Шпанија 4, Исланд 1, Тунис 1, Ангола 0.
Ново на Сител
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје