Ракомет
19. January 2017 - 11:12

Франција 2017: Последно коло во групите А и Б

На Светското првенство во ракомет во Франција денеска се играа дуелите од 5.коло (последно) од групите А и Б.

Распоред на натпреварите Б група: Тунис - Ангола, Македонија - Исланд, Шпанија - Словенија.
Табела: Шпанија 8, Словенија 7, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 2, Ангола 0.
Распоред на натпреварите А група:
Русија - Бразил, Франција - Полска и Норвешка - Јапонија.
Табела: Франција 8, Норвешка 6, Русија 4, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0.
 
Од овие две групи пласман во 1/8 финалето имаат обезбедено: Шпанија , Словенија, Македонија, Франција, Норвешка, Русија, Бразил.
Последното место ќе го пополнат Исланд или Тунис.