Ракомет
19. January 2017 - 13:17

Франција 2017: Меѓусебни дуели Македонија – Исланд

Селекцијата на Исланд е една од репрезентациите против која имаме одиграно најмногу натпревари – вкупно 12, а денешниот ќе ни биде вкупно 190-тиот официјален дуел на нашите ракометари. Имаме само две победи и тоа една по која успеавме да се пласираме на СП 2009 година во Хрватска.

На големите натпреварувања имаме два пораза од два натпревара, од четири баража во три исланд беше подобар, а еднаш игравме во група од квалификации за ЕП.

Меѓусебни дуели:

Исланд – Македонија 32:23

Македонија – Исланд 32:29

Македонија – Исланд 25:26 (играно на Исланд поради казна)

Исланд – Македонија 38:22

Македонија – Исланд 30:35

Исланд – Македонија 33:28

Македонија – Исланд 34:26

Исланд – Македнија 30:24

Македонија – Исланд 26:29

Исланд – Македонија 34:26

Македонија – Исланд 19:23 (СП 2013 Севиља)

Македонија – Исланд 27:29 (ЕП 2014 Хернинг)