Ракомет
17. January 2017 - 19:24

Франција 2017: Македонија во осминафинале, Тунис одигра нерешено со Словенија

По нерешениот резултат на натпреварот Словенија - Тунис 28:28, македонската ракометна репрезентација има обезбедено пласман во осминафиналето. Македонија сега има четири бодови, колку што може Тунис да освои до крајот.

Дуелот со Исланд за нашата репрезентација во четврток ќе биде и натпревар за 3.место во групата.